Google Maps од оваа недела ќе почне да им прикажува на корисниците во целиот свет редизајнирани мапи кои ќе содржат повеќе бои со што ќе може многу подобро да се прави разлика од различните работи кои се гледаат.
Како што може да се види и од споредбените слики, наместо една до две бои, Google Maps сега ќе прикажува повеќе бои со што точно ќе бидат прикажани пустините, шумите, снежните врвови, езерата, морињата и слично.
Покрај оваа промена, од Google најавуваат дека во ограничен број на поголеми светски градови, подетално ќе бидат прикажувани улиците, односно дали се работи за помала патека, пешачки тротоар, патека за велосипеди, остров и слично.
Промените, освен тие ограничени во неколку градови, ќе им бидат достапни на сите корисниците во сите делови од светот каде што и сега функционира Google Maps. Корисниците не треба ништо да направат, а новите мапи ќе им се прикажат автоматски во периодот што следи, а според Google тоа треба да заврши во следните недела дена.


