Google ја најави една од најдобрите новости досега за корисниците на нивната одлична Google Photos апликација. Повеќето нови функции кои од компанијата ги претставија минатата година со Pixel 8 серијата, сега им стануваат достапни на сите корисници бесплатно.
Корисниците добиваат пристап до функциите како што се Magic Eraser, Photo Unblur, Magic Editor, Portrait Light и повеќе.
Овие функции, покрај на корисниците на Pixel уредите, им беа достапни на корисниците со Google One претплата, па голема е веста дека сега им стануваат достапни на сите корисниците бесплатно.
Пуштањето на оваа новина Google ја најавува за 15 мај, а исто така нагласуваат дека ќе бидат потребни недели додека сите корисниците ги добијат најавените функции.
Новите функции овозможуваат бришење на одредени елементи од сликите со Magic Eraser, тргање на заматеноста кај сликите со Photo Unblur, додавање на светло на лицата со Portrait Light, а тука е и одличната и досега достапна само на Pixel 8 функцијата, Magic Editor.
Дополнителни новини кои стануваат достапни ги вклучуваат функциите како Sky Suggestions, Color Pop, HDR Effect, Portrait blur, Cinematic и слични.
Овие новините ќе им бидат достапни на корисниците на Google Photos апликацијата на Android и iOS, но ќе им и одредени барања, како најмалку 8ма верзија од Android и 15та од iOS, како и 3GB RAM на уредите, односно 4GB за користење на Magic Editor.