По закажувањето на есенскиот настан од страна на Apple за 12 септември, а свој Surface настан закажа и Microsoft за 23 септември, еве ги и Google со нивниот Pixel настан кој стандардно се одржува во октомври.

Настанот ќе се одржи на 4 октомври во Њујорк и како и секогаш ќе може да се гледа во живо преку YouTube.

Google се’ уште нема ништо официјално кажано за овој настан, па за сега се дознава од поканите кои ги испраќаат до новинарите кои се поканети да присуствуваат.

На овој настан ќе бидат претставени наредната генерација од Pixel телефоните, односно Pixel 8 и Pixel 8 Pro. За нив не се очекуваат некои драстични промени и новини, па во главно може да се каже дека се стандардна надградба.

Tensor G3 чипот ќе биде тука со надеж дека ќе се покаже подобро од претходните генерации, па ќе видиме дали Google ќе може да привлече поголемо внимание со нивните уреди.

Можно е претставување и на втората генерација од Pixel Watch, но засега нема некои поконкретни информации за дали тоа може да се очекува.

Претходна статијаПод слоганот “Здраво, здрави навики” Виталиа ќе го одбележи својот 30-ти роденден со првата детска трка во Скопје
Следна статијаКорисници на iPhone 14 серијата се жалат на побрзо намалување на капацитетот на батеријата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.