Финската компанија Jolla, на која може да се гледа како на ретка алтернатива на неколкуте големи оперативни системи за мобилните, го претстави нивниот најнов Jolla Phone. Овој телефон дојде после повеќе години „тишина“ од страна на компанијата, а една од главните карактеристики кои тие ги промовираат е приватноста која доаѓа од нивниот Sailfish OS.
Овој оперативен систем е направен на основа на Linux, односно не е направен на основа на отворениот Android код. Поточно, тој е развиен на основа на стариот MeeGo оперативен систем кој беше развиен во Nokia пред од компанијата да одлучат да ја започнат соработката со Microsoft и нивниот Windows Phone.
За објавата на новиот телефон имаат што да кажат од GrapheneOS, доста позната верзија од AOSP, односно отворениот Android код, специјално изменета за овозможување на максимална приватност за корисниците.
Од оваа организација тврдат дека поради фактот што дел од кодот на Sailfish OS не е отворен, а и недостатокот на одредени безбедносни функции, Jolla немаат основа да се промовираат себеси како приватна алтернатива на големите.
Според GrapheneOS, Sailfish OS е помалку приватен и безбеден од AOSP и iOS, а критики за Jolla има и поради нивното повеќе годишно критикување на AOSP проектите, истакнуваат од GrapheneOS.
Целата објава од страна на GrapheneOS можете да ја прочитате во продолжение.










































