HMD, кои изминатите години беа познати како сопственици на легендарниот бренд Nokia, ги претставија првите три смартфони од нивниот нов бренд, Pulse. Дека од компанијата планираат вакво нешто најавија минатиот септември, па сега еве ги имаме и првите смартфони од промената на правецот на компанијата.

Претставени се телефоните HMD Pulse Pro, HMD Pulse+ и HMD Pulse. Како што се очекуваше, HMD ќе конкурира на пазарот кој има многу повеќе корисници, а тоа е пазарот на ниската и средната класа на смартфони. Тоа посебно се гледа од чипот кој се користи, а тука се и стандардно очекуваните карактеристики со акцент на камерите за овие класи.

HMD Pulse телефоните сепак ќе се разликуваат по нешто од останатите, а тоа е можноста за поправка на уредите од страна на корисниците. Тоа е постигнато во соработка со познатите iFixit, па ќе видиме кога ќе почнат да се продаваат овие телефони, какво ќе биде искуството на корисници, а секако и тестовите од „блогерите“.

HMD можноста за поправка на телефоните ја нарекува „Gen 1 repairability“, а истата овозможува корисниците сами да поправат работи како оштетен екран, искривен приклучок за полнење, истрошена батерија и слично. Сето ова се промовира како лесно и корисниците ќе можат да го прават без потреба од некакво претходно познавање.

Алатките за поправка на уредите корисниците ќе можат да ги земат од iFixit.

HMD Pulse Pro се промовира како телефон за љубителите на „селфи“ сликањето, а за тоа е достапна предна камера од 50 мегапиксели. Очекувано достапни се функции за сликање и измена на сликите со вештачка интелигенција.

Овој телефон доаѓа со екран со големина од 6,55 инчен и стапка на освежување од 90 херци, како и HD+ резолуција. Работи на Unisoc T606 чипот, има 6GB RAM, како 128GB простор за податоци и батерија со капацитет од 5.000mAh.

Останатите два телефони се рекламираат со можноста батеријата да издржи до 59 часа, а тука секако е и можноста за „само поправка“.

Телефоните треба да бидат достапно скоро во целиот свет, па ќе видиме дали некој ќе ги донесе во Македонија.

ИЗВОРAndroid Central
ИЗВОР 2HMD
Претходна статијаGoogle повторно го одложи тргањето на поддршката за „колачиња“ од трети страни во Chrome
Следна статијаНапред во дигиталната иднина со Македонски Телеком
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.