Hpwelcomesign

HP, односно Hewlett-Packard, познатата американска компанија која што постои повеќе од 70 години, денеска најави дека планира да се подели на две посебни компании. Со тоа компанијата ќе го подели бизнисот според видот, а новите компании ќе можат подобро да се сконцентрираат на развојот на нивниот дел.

Една од две нови компании ќе биде HP Inc. која што ќе го продолжи бизнисот со компјутери и принтери. Оваа компанија како што истакнуваат е водечка на пазарот и со поделбата, односно осамостојувањето, ќе го подобри својот пазарен удел. Главен директор на оваа компанија ќе биде Dion Weisler, кој што исто така ќе ја има и функцијата на претседател на бордот на директори. Тој до сега беше втор човек на делот во HP задолжен за принтери и персонални системи.

Втората компанија ќе биде наречена Hewlett-Packard Enterprise и ќе продолжи да работи со сервери, уреди за складирање на податоци, мрежни уреди, комбинирани/обединети системи, сервиси, софтвер, како и OpenStack Helion cloud платформата. На чело на оваа компанија, покрај другите ќе биде Meg Whitman, која што исто така ќе биде дел од бордот на компанијата. Моментално Meg Whitman е главен директор на HP и претседател на одборот на директори. Таа исто така ќе биде дел од бордот на директори на новата HP Inc.

Од компанијата исто така известија дека акционерите на HP ќе имаат акции во двете компании, а за промената нема да имаат обврска за плаќање на данок. Поделбата на две компании е дел од пет годишниот план за промена на компанијата, план кој што е во својата четврта година.

Извор: HP, The Verge

Слика: Wikipedia

Претходна статијаNexus 9 од HTC прикажан на неофицијална слика
Следна статијаRico: Дадете му нова намена на вашиот стар мобилен телефон
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.