intel_core_i7_jewelry_box_111308

Гигантот Intel по долго најавување го претстави својот прв осумјадрен декстоп процесор, Intel® Core™ i7-5960X Extreme Edition претходно познат под името Haswell-E. Целната група како што велат од компанијата се луѓе што имаат потреба да го извлечат максимумот од перформансите што ги нуди нивниот компјутер.

Ова е првиот комецијален процесор од Intel кој поддржува 16 нишки заедно со нова меморија DDR4 со која се отвора врата за нова генерација брзи десктоп системи. Новата серија процесори во комбинација со новиот чипсет Intel® X99 се првите во низа што поддржуваат конекции преку ултрабрзиот влезен интерфејс Thunderbolt 2 кој пак овозможува брзини и до 20 Gbps што е од големо значење за понатамошен развој напоредно со технологијата 4K и секако гејминг индустријата.

osumjadra

Не треба да не зачудува цената, процесорот Core i7-5960X ќе чини добри 1000 долари. Покрај овој знаменосец, Intel планира да пушти уште два послаби модели Intel Core i7-5930K и Intel Core i7-5820K кои ќе содржат по шест јадра и 12 нишки. Интересно е што тие се клокирани малку повисоко од i7-5960X, а ќе чинат 594 и 396 долари.

Официјалното пуштање на новата генерација значи крај за 22 нанометарскиот производствен процес. Новите процесори ќе бидат базирани на новата 14 нанометарска архитектура на Intel наречена Broadwell којa всушност и ќе ја воведе петтата генерација на процесори Intel Core која треба да се појави кон крајот на оваа година.

Извор: Intel, PCWorld

 

Претходна статијаIFTTT сервисот ќе се користи и на Internet of Things уредите
Следна статија3D испечатени клучеви можат да се користат за отворање на голем број на брави