Фото: Shutterstock.com

Apple вчера пушти вонредна надградба на нивните iOS и iPadOS системи, кои сега се на верзијата 17.0.3 и со истата треба да е решен проблемот со прегревањето на новата iPhone 15 серија.

Проблемот, како што официјално истакнаа од компанијата, е поврзан со грешка во кодот на iOS 17, но исто така проблемот е поврзан и со неколку апликации, како Instagram.

Оваа апликација обично е на врвот по потрошувачка на батерија, па изгледа во комбинација со грешката во iOS 17, процесорот на iPhone 15 серијата работи повеќе од што би требало.

Тоа што е добро е што според информациите не се работи за проблем со дизајнот на телефоните, како и користењето на титаниум, нешто што беше неофицијално кажано од страна на Минг-Чи Куо. Според него, Apple ќе го реши проблемот со софтверска надградба, но малку ќе се промени доколку не направат ограничување на перформансите на процесорот.

Вчерашната надградба беше пуштена, а веднаш беа направени тестови кои покажуваат, барем засега, дека решението не е направено со намалување на перформансите на процесорот.

Оваа надградба е достапна за сите корисници, не само за тие на iPhone 15, а донесува и една безбедносна исправка.

ИЗВОРApple Insider
ИЗВОР 2MacRumors
Претходна статијаНовиот Samsung Galaxy SmartTag2: Чувајте ги вашите вредни работи на паметен начин
Следна статијаAndroid 14 официјално пуштен со подобрени можности за прилагодување, приватност и здравствени функции
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.