Можеби најпознатата личност во светот на Linux и софтверот со отворен код, Линус Торвалдс, беше гостин кај еден од најпознатите YouTube канали за технологија, Linus Tech Tips.
Торвалдс е човекот кој стои зад првиот код за „кернел-от“ кој беше основата при развојот на Linux, а тој до ден денес е клучен фактор во развојот и преку него поминуваат новите верзии, иако веќе не го пишува поголемиот дел од кодот.
Тој исто така стои зад развојот на Git системот кој може да се каже дека е единствениот ваков кој се користи и е клучен кај програмерите.
Видеото, кое можете да го погледнете на почетокот од статијата, е направено во стилот на Linus Tech Tips, односно во стилот на Лајнус Себастијан, а во него тој го креира „перфектниот“ компјутер за „креаторот на Linux“.
Додека го составуваат компјутерот, покрај дискусија за компонентите и секако за Linux, тие разговараат на повеќе теми, нешто што дефинитивно може да се каже дека е ретко да се види за „повлечениот“ Линус Торвадлс.
Дефинитивно интересно видео кое вреди да се изгледа.
Истоимениците сепак ако се изговорат точно нивните имиња, не се кажуваат баш исто, а Линус Торвалдс истакна дека во САД почнал да прифаќа да не го изговара неговото име како што би било во Финска, од каде што потекнува, па најчесто тој е наречен Лајнус Торвалдс.









































