Microsoft 365 (Office) има нов главен фонт која автоматски ќе биде избран за корисниците на Word, Excel, PowerPoint и Outlook, а тој фонт е Aptos. Избран помеѓу пет други фонтови во игра, овој фонт ќе го замени познатиот Calibri кој беше стандарден изминатите 16 години.
Иако фонтот е достапен и корисниците можат самите да го изберат кога сакаат, а и да го постават како главен, Microsoft ќе започне со промена од идниот месец. Тоа значи дека корисниците кои не сакаат самите да го постават фонтот, тоа автоматски ќе им биде направено за некоја недела.
Се разбира, тие кои сакаат да продолжат да го користат Calibri или кој и да е нивниот фонт, тоа ќе можат да продолжат да го прават.
Покрај промената на главниот фонт, Microsoft 365 апликациите добиваат и мали измени кај достапните бои и стиловите. Промените не се нешто посебно големи, а повеќето и нема да ги забележат, па слободно би кажале дека главната новост е Aptos фонтот.
Инаку, Aptos е sans-serif вид на фонт, а овој вид на фонтови важат како подобри за читање од екраните, а може да се каже дека добро доаѓа и промената после толку години.