Фото: Microsoft

После нешто повеќе од една година од претставувањето за сите корисници, Microsoft Designer сега може да се каже дека е официјално достапна во својата финална верзија за сите корисници.

Microsoft најави дека сите корисници со приватна сметка можат да ја користат алатката која е достапна во форма на апликација преку веб, но и на мобилните, како и на Windows 11.

Во Windows 11 може да се очекува и дополнителна интеграција на алатката во други апликации, како што е Photos апликацијата, а треба да ја има и во Edge и во Office апликациите.

Microsoft Designer може да се каже дека е конкуренција на познатата Canva, а корисниците со помош на генеративната вештачка интелигенција можат да направат повеќе видови на дизајни.

Апликацијата овозможува генерирање на слики врз основа на насоки од корисникот, а тука се и различни формати за друштвените мрежи, покани за настани, позадини, стикери и повеќе.

Designer може да се користи и за измена на слики, па корисниците можат на пример да побараат тргање на позадината или додавање на заматеност, две доста популарни работи.