Изгледа ништо од Windows 12 за оваа година и покрај тоа што доста често читавме за тоа дека Microsoft се враќа на тригодишниот циклус на претставување нова верзија од системот.
Мора да се истакне дека сите досегашни докази го користеа името наредната верзија од Windows, па јасно е дека тоа не беше до толку сигурен знак дека оваа година доаѓа Windows 12. Користењето на овој термин од страна на компаниите може едноставно да се однесува на наредната верзија од Windows 11, а може да значи и тоа дека Microsoft дури сега решиле како да ја наречат истата.
Како и да е, во најавата на најновите тест верзии од Canary и Dev каналите од Windows Insider, Microsoft ја истакнува и верзијата која може да се очекува оваа година, а истата ќе биде Windows 11 24H2.
„Почнувајќи со верзијата 26-xx од денеска, корисниците на Windows Insider од Canary и Dev каналите ќе ја видат промената на верзијата под Settings > System > About (и winver) во верзијата 24H2. Ова значи дека Windows 11, верзија 24H2 ќе биде годишната надградба со нови функции за оваа година.“ – стои во објавата од компанијата.
Иако останува мала можност да дојде до некои промени, оваа објава сепак треба да стави крај на гласините поврзани со името на Windows оваа година.
Ова не менува ништо од аспект на очекуваните нови функции, па есенската надградба на Windows 11 оваа година се очекува дека ќе донесе доста од нив. Посебно се истакнуваат новините поврзани со вештачката интелигенција, нешто што е главна карактеристика на Microsoft од минатата година.