Фото: Microsoft

Microsoft официјално ја пушти најновата верзија од нивниот Office пакет на апликации. Microsoft Office 2024 пакетот е достапен за сите приватни и бизнис корисници, а во него се вклучени познатите апликации како Word, Excel, PowerPoint, OneNote и Outlook.

Овој пакет на апликации е достапен за корисниците кои не сакаат да го користат Microsoft 365 пакетот кој вклучува месечна или годишна претплата, а со тоа донесува и редовно ажурирање на апликациите со нови функции, како и дополнителни придобивки како простор на OneDrive, разговори на Skype и слично. 

За приватните корисници Office 2024 чини 150 долари, додека за бизнис корисниците за кои е вклучена и Outlook апликацијата пакетот чини 250 долари, еднократно. 

Последната ваква верзија од Office беше претставена во 2021 година, што значи дека доколку корисниците доаѓаат од таа верзија, може да очекуваат доста новини. 

Office 2024 веднаш може да се познае по изгледот, односно корисничкиот интерфејс кој е доста променет во последните три години. Голем дел од Windows 11 дизајн стилот е пренесен и кај апликациите од Office, па корисниците добиваат помодерен дизајн. 

Од Microsoft ја истакнуваат и подобрата брзина со која функционираат апликациите, а тоа посебно може да се забележи и преку функцијата за пребарување на пораки, датотеки, настани и слично. 

Excel добива нови функции кои ќе ја подобрат работата со текст и низи, а тука е и можноста за додавање на слики на доста поедноставен и побрз начин. Работата со низи добива поддршка за динамични податоци, односно при креирањето на графикони тие автоматски ќе се ажурираат доколку има нови податоци. 

Корисниците на Word ја добиваат можноста за враќање на незачуваните документи, а тука е и можноста за додавање на снимки во живо во PowerPoint.

Целосната листа на новини објавена од страна на Microsoft е достапна на овој линк

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаGoogle додава можност за автоматско отворање на апликациите кои се инсталираат во Play Store
Следна статијаВодечки светски компании ќе зборуваат на годишната конференција за е-трговија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.