Фото: Shutterstock.com

Microsoft издаде посебно развиена алатка која треба да им помогне на корисниците, односно ИТ администраторите да ги вратат во функција компјутерите кои беа погодени од познатиот проблем од петокот. 

Како што веќе е познато, надградба на безбедносен софтвер од компанијата CrowdStrike доведе до „пад“ на огромен број на Windows компјутери низ светот, а ова можеби и немаше да биде толку познато доколку не беа предизвикани проблемите во петокот. 

Повеќе сектори во светот беа погодени, а најмногу авиосообраќајот, но проблеми имаа и болници, банки, медиуми и повеќе други компании. 

Иако од CrowdStrike веќе ја исправија грешката, а овозможија и помош за корисниците како да ги средат своите компјутери, помош овозможија и од Microsoft. 

Тие издадоа посебна алатка која го олеснува процесот на поправка на компјутерите, нешто што се прави преку бришење на лошата надградба пред вклучување на Windows, односно оперативниот систем на компјутерот. 

Се проценува дека погодени биле околу 8,5 милиони компјутери во светот, а од Microsoft истакнуваат дека тоа е помалку од 1% од вкупниот број на компјутери со нивниот систем. 

Сепак, погодени беа клучни бизниси, па проблемите кои настанаа на беа мала и незабележливи. 

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаКаСис го доби сертификатот PCI DSS Ver. 4.0, потврдувајќи ја посветеноста кон безбедноста на плаќањата
Следна статијаЈубилејно 20. издание на Виз Ер Скопски Маратон
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.