Microsoft-Redmond

Microsoft денеска објави дека има направено одредени промени во менаџерскиот тим, како и структурата на компанијата со цел, како што тие истакнуваат, „усогласување на инженерскиот дел со основните амбиции на компанијата: подобрување на продуктивноста и бизнис процесите, изградба на интелигентна cloud платформа и креирање на поперсонални компјутери“.

Промените кои што ги објавија од компанијата донесуваат две промени кои што привлекуваат внимание. Едната е напуштањето на компанијата од страна на Стивен Елоп, кој што премина во Microsoft по преземањето на Nokia, додека втората е спојувањето на секторите за оперативни системи и уреди.

Стивен Елоп дојде во Microsoft од позицијата главен директор во Nokia, по преземањето на компанијата минатата година. Тој до сега ја држеше позицијата Потпретседател на компанијата за Уреди и Сервиси. Беше познат како човек кој што одлучи Nokia да соработува со Microsoft, наместо да го одбере патот на развој на уреди со Android оперативниот систем. Критиките за оваа одлука станаа неважни по купувањето на делот за уреди од страна на компанијата.

stephen-elop

Делот кој што го водеше Елоп се спојува со Групата за оперативни системи во еден сектор задолжен за оперативните системи и уреди наречен Windows and Devices Group. Овој сектор ќе биде воден од досегашниот главен на оперативните системи Тери Маерсон.

Спојувањето на овие два сектори во еден е уште еден од повеќето промени во стратегијата на компанијата од пред доаѓањето на Сатја Надела на нејзиното чело. Тој денешните промени ги истакна во email до сите вработени кој што можете да го прочитате тука.

Извор: Microsoft

Претходна статијаSkype за веб достапен за сите корисници
Следна статијаSamsung доби патент за уред кој може да се преклопува
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.