Поради веќе познати причини, театарските претстави нема да може да се гледаат во периодот што следи, а оваа ситуација изгледа ќе потрае барем уште некој месец. Со цел редовните посетители на театрите, а секако и сите други, да можат да продолжат да гледаат претстави додека, се надеваме, седат дома, Македонскиот Народен Театар ќе почне со пуштање на претстави преку нивниот YouTube канал.

Адресата на каналот е следната, а програмата за претставите за овој месец е следната (линковите исто така ќе бидат пуштани на Facebook страната на МНТ):

  • 18.3 – Сомнително лице
  • 19.3 – Изгубени Германци
  • 20.3 – Парите се отепувачка
  • 23.3 – Да тргнеме Сењор
  • 24.3 – Мајсторот и Маргарита

Одлична идеја од МНТ, па од вечер во 20 часот можете да почнете со гледање.