Последниот поголем редизајн на Mozilla Firefox беше во 2021 година, а од организацијата веќе работат на нова поголема промена на корисничкиот интерфејс.
Работата на редизајнот е во почетна фаза, а до истиот доаѓа програмерот Соeрен Хентшел, кој прикажува како може да изгледа, иако нагласува дека до официјалното пуштање може да дојде и до промени.
Две карактеристики го отсликуваат новиот дизајн на Firefox, кој го носи името „Nova“, а тие се повеќе заоблени елементи и повеќе боја. Може да се забележи дека сите елементи од прелистувачот ќе бидат редизајнирани, а од тоа што го гледам досега, промените изгледаат одлично.

Тоа што привлекува уште поголемо внимание е слика направена за тоа како ќе изгледаат „табовите“ кога се поставени да се прикажуваат вертикално. Од Mozilla изгледа ја имаат забележано популарноста на прелистувачите каков што беше Arc Browser, но и прелистувачот кој добива се поголемо внимание и е направен на основа на Firefox, Zen Browser.
Кај овие прелистувачи, а изгледа во иднина и кај Firefox, корисниците ќе можат да ги постават „табовите“ вертикално и со тоа да добијат повеќе можности за работа со нив, нешто што е одлично корисно за тие кои работат со доста голема бројка на отворени страни.
Не е познато кога може да се очекува овој нов дизајн на Firefox, односно „Nova“, а сите слики кои ги има направено Хеншел можете да ги погледнете на неговата страна.









































