Од денеска започнува еден од најпознатите настани кога се работи за мобилната индустрија наречен Mobile World Congress – MWC. Претходните години овој настан се одржуваше во Февруари, па годинава првпат се одржува во првата недела од Март.
На овој настан се присутни најголемиот дел од светските производители на мобилни уреди, операторите, како и многу други компании кои што се поврзани на некој начин со мобилната индустрија. Настанот е и централно место каде што компаниите ги претставуваат нивните нови производи, што го прави главен настан во овој период од годината кој што со внимание го следат заинтересираните за технологија.
Покрај другите работи кои што ќе бидат претставени на настанот, најголемо внимание ќе привлечат претставувањата на новите генерации од своите главни модели на Samsung и HTC. Тие претставувањата ги започнаа вчера кога беа претставени Samsung Galaxy S6 и S6 Edge, како и HTC One M9.
Покрај овие две компании свои нови производи ќе претстават и другите познати имиња како Sony, Lenovo, Asus, Microsoft и слично.
Бројот на производи кој што се претставува на овој настан е голем, а на Смартпортал ќе можете да прочитате за најинтересните и најважните од нив.