Одложувањето на четвртата сезона од популарната серија „Stranger Things“, која се очекуваше минатата година, ги остави големиот број на фанови во исчекување. Наредната сезона е потврдена и најавена за идната година, иако уште не се знае во кој месец може да се очекува.
За да не остави да серијата биде заборавена, Netflix од време на време пушта по некој „трејлер“ и со тоа ги одржува во живот очекувањата кои се големи за новата сезона после големиот приод на чекање кој се погоди.
Од стриминг компанијата во петокот го пуштија најновиот трејлер од Strange Things 4 и како и претходните, така и овој не ни открива многу за што може да очекуваме. Во главно на кратко се покажуваат по некои нови ликови, а и во претходниот ни открија каде има завршено шефот на полицијата Џим Хопер.
Најновиот трејлер можете да го погледнете во продолжение.