Во март кога стана јасно дека ситуацијата со COVID-19 ќе биде сериозна и ќе потрае, ЕУ побара од Netflix и другите стриминг сервиси да го намалат квалитетот на стриминг содржината со цел да се намали оптовареноста на мрежата.
Намалувањето на квалитетот е нешто што повеќе корисници сигурно не го ни забележаа, поради алгоритамот за компресија на видео содржината. Тоа што можеше да се забележи е, на пример, содржина во 4К наместо да стримува како обично со околу 15 Mbps, истата овој период одеше со нешто повеќе од 7 Mbps.
Netflix овој период ќе почне да го враќа квалитетот на стандардниот во одредени земји во Европа. Враќањето на квалитетот ќе оди постепено и нема да почне во сите земји наеднаш, па тоа значи дека ќе се причека во периодот што следи за да дојде промената и кај нас.