facebook-beta-wp-1

Нова верзија од Facebook апликацијата најави Joe Belfiore за овој месец, па нејзиното претставување не е изненадување. Сепак не беше најавена точната дата, па оваа вест денеска сигурно ќе израдува доста корисници. Од денеска сите корисници на Windows Phone 8 и 8.1 можат да ја симнат најновата верзија која што прво е достапна во бета тест верзија.

Кога ќе ја вклучите апликацијата ќе забележите дека како и што беше очекувано таа има целосно нов дизајн. Направена е во стилот на новата верзија од Facebook за Android платформата, но со задржување на дизајн правилата кои што се карактеристични за Windows Phone оперативниот систем. Горниот дел од апликацијата кој што е во сината боја на Facebook сега оди до крајот на екранот, односно не е прекинат од црната лента која што беше присутна до сега зад која што се поставени системските икони од оперативниот систем. Дел од сината лента е текст кој што означува во кој дел од апликацијата се наоѓате во моментот, како и копче за пребарување и отворање на листата на онлајн пријатели.

Под оваа лента, исто како и на другите платформи, се наоѓаат копчиња преку кои што можете да ги отворите различните делови од апликацијата, односно листата со новости, поканите за пријателство, пораки, нотификации и повеќе, односно делот до кој што до сега пристапувавте со повлекување од левата страна. Генерално апликацијата работи побрзо и изгледа многу подобро, а целото искуство е помазно. Вклучени се најавените целосни слики на објавите, со што листата со новости изгледа многу поубаво.

На долната страна се наоѓаат три копчиња преку кои што можете да објавите нов статус, да прикачите слики или видео, како и да се чекирате на некоја локација.

Facebook beta можете да ја симнете преку продавницата за апликации или преку следниот линк.

facebook-beta-wp-qr

Претходна статијаSpire го следи вашето дишење и ви помага да бидете смирени
Следна статијаFacebook го претстави Slingshot, најавената конкуренција на Snapchat
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.