Досега сигурно сте запознати со делото на Елон Маск, или барем со автомобилите Tesla. Tesla како компанија е позната по иновативноста, особено кога станува збор за технологијата поврзана со електрична енергија.
Имено, Tesla автомобилите се првите автомобили кои се произведуваат масовно и работат целосно на електрична енергија, а воедно не влијаат негативно на ниеден аспект од функционалноста на автомобилот.
Сопственикот на Tesla, Елон Маск, преку објава на неговиот профил на Twitter, најавува дека Tesla ќе почне да работи на нова линија на производи што нема да бидат автомобили. Секако, тоа не значи дека тие ќе престанат да произведуваат автомобили.
За новата линија на производи се претпоставува дека е можно да станува збор за батериите што би требало да напојуваат цел дом, кои Маск ги најави пред неколку месеци. Но познавајќи го Маск нема да биде чудно линијата на производи што треба да ја претстави на 30 април годинава да биде нешто сосема трето.
Сепак, Маск е ко-основач на PayPal, сопственик на Tesla и SpaceX програмата што црта доста јасна слика за неговите амбиции кон иновацијата и диверзитетот на неговите идеи и инвестиции.
Сепак, 30-ти Април и не е така далеку, што значи дека за еден месец отсега ќе знаеме сигурно за што се работи. Освен ако не протечат информации порано.
Извори: Trustedreviews, CNN, The Verge