Овој пат, како новитети на македонскиот пазар од фитнес каталогот ги издвојуваме статичниот велосипед Xiaomi Yesoul G1 MAX, траката за трчање WalkingPad MC21 и фитнес веслачот Xiaomi KingSmith WR1.
Xiaomi Yesoul G1 MAX е статичен велосипед кој се карактеризира со ергономски и модерен изглед и со негова помош успешно ќе ја одржите кондицијата и ќе оформите мускули од удобноста на вашиот дом. Покрај бројните прилагодувања, новост кај овој модел е 32 инчниот екран, преку кој ќе може да следите туторијали за вежбање, да ги следите параметрите на вежбањето или едноставно да го завртите екранот за 360 степени и да вежбате јога.
WalkingPad MC21 е новитетот во широката понуда на траки за трчање. Овој модел може да се пофали со прилагодлива брзина од 0,5 до 10 km/h, интегриран LED екран на кој можете да ги видите сите потребни податоци како време, растојание, потрошени калории, како и NFC модул со кој ќе можете да воспоставите совршена врска помеѓу траката и вашиот паметен телефон. На KS Fit апликацијата може да откриете и многу корисни совети кои ќе го направат вашиот тренинг уште попродуктивен.
И за крај, еден од поинтересните новитети е новиот производ на WalkingPad – фитнес веслачот Xiaomi KingSmith WR1. Овој фитнес уред комбинира висококвалитетен дизајн и врвна изработка. Уредот работи на принципот на хидродинамички отпор, што ви овозможува да го регулирате нивото на отпор користејќи сопствена сила. Со негова помош можете да ја подобрите издржливоста и координацијата, а во исто време да ги зајакнете мускулите на грбот, нозете и стомакот, па ќе стане незаменливо средство за вежбање дома или во теретана. Веслачот е идеален за користење во домашни услови бидејќи меѓу другото се преклопува и не зафаќа голема површина.
Искористи го промотивниот код XIAOMIFIT1000 за 1000 денари попуст до 18.04 на фитнес уредите достапни во Смартус https://www.smartus.mk/traki-za-trchae-178.