Nvidia на корисниците им овозможи да користат големи јазични модели на нивниот компјутер, без потреба од користење на некои од познатите алатки како што се ChatGPT и сличните.

Chat with RTX засега е повеќе како демо за технологијата, но функционира целосно на компјутерите кои работат со Nvidia RTX 30 или 40 серијата на графички картички, како и најмалку 8GB VRAM.

Тоа што на корисниците им овозможува Chat with RTX е во основа да имаат сопствен ChatGPT локално на нивниот компјутер. Ова е одлично како можност за корисниците кои имаат документи за кои е потребна анализа, а Chat with RTX функционира и со YouTube видеа за кои се што треба е да се стави линкот до истото.

Chat with RTX функционира со датотеки како што се .pdf, .txt, .doc/docx и .xml. Во основа, документи или повеќе документи можат да се постават во „четботот“, по што тој ги анализира и им овозможува на корисниците да поставуваат прашања. Ова е одлична алатка за кога се прави истражување на некоја тема, на пример или за организирање на податоци од состаноци, а има многу вакви примери.

За најдобро да се разбере Chat with RTX може да се направи споредба со ChatGPT, голем јазичен модел кој функционира на податоци од интернет, додека алатката од Nvidia функционира со податоци од корисникот, односно тие кои корисникот ќе ги внесе.

Доколку имате компјутер со RTX 30 или 40 серија, можете да го пробате Chat with RTX со симнување од оваа страна.  

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаОсновачите на Wunderlist ја претставија нивната нова апликација за листи четири години по нејзината најава
Следна статијаМарк Закерберг преку видео го даде своето мислење за Apple Vision Pro
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.