По претставувањето на GPTs пред два месеци, односно можноста корисниците да создаваат изменети верзии од ChatGPT за различни потреби, сега истите се достапни од едно централно место.
Од компанијата ја претставија продавницата за GPTs, GPT Store, на која веќе се достапни неколку милиони изменети верзии од ChatGPT, а истите се поделени во повеќе категории.
Корисниците добиваат пристап до GPTs за пишување, програмирање, истражување, едукација, за генерирање на слики и повеќе.
Пристапот до овие „апликации“ е достапен за корисниците кои плаќаат месечна претплата, што значи дека сепак не е наменет за сите.
Од OpenAI истакнуваат дека редовно ќе ја менуваат листата на истакнати GPTs, па моментално корисниците можат да видат дека има такви како AllTrails за препораки за планинарење, Consensus за пребарување на истражувачки трудови и повеќе.