Opera, едно време меѓу најпопуларните интернет прелистувачи, покажува дека и покрај малиот пазарен удел, тие ќе продолжат да се борат за останување на фактор. Тие ја претставија тест верзијата од нивниот нов прелистувач, односно нова верзија наречена Opera One.
Се работи за целосно преработена и редизајнирана верзија која до крајот на годината треба да ја замени моменталната на сите платформи, односно на Windows, macOS и Linux.
Opera One е развиен на Chromium кодот, исто како и моменталната верзија, што значи дека корисниците ја добиваат предноста на брзината и компатибилноста со веб страните, а тука се и додатоците.
Новата верзија од Opera ја нарекуваат модуларна и во голем дел ќе функционира на основа на вештачката интелигенција. Во моменталната верзија од Opera веќе се интегрирани ChatGPT, ChatSonic и слични алатки, а истите ќе продолжат да бидат голем дел во Opera One.
Модуларниот дизајн од компанијата го истакнуваат со можноста да со тек на време се вградуваат нови функции, а посебно тие на основа на генеративната вештачката интелигенција. За разлика од сегашната верзија, функциите паметно ќе се прикажуваат и тргаат од корисничкиот интерфејс, па поради тоа Opera One има многу поедноставен и чист интерфејс.

Првиот пример на овој нов стил на функционирање на Opera One е новата функција наречена Tab Islands. Се работи за понапредна функција за групирање на табовите, нешто што веќе е достапно, но дефинитивно на наредно ниво. Табовите автоматски ќе се групираат според содржината и истите ќе може да се намалат во едно копче со цел се намали бројот на видливи табови.
Корисниците ќе можат и самите да направат и префрлуваат групи на табови, односно таб острови, а од компанијата истакнуваат дека тие посебно истражувале за да ја направат оваа функција.
Една работа која изгледа доста посебно и на Opera One дефинитивно му дава предност пред конкурентите се новите анимации на корисничкиот интерфејс од прелистувачот. Од Opera истакнуваат дека ја имаат искористено „multithreaded compositor“ функцијата, која обично се користи за веб страните, кај корисничкиот интерфејс.
Ова донесува на Opera One анимации кои се брзи, мазни и изгледаат одлично.
Не сме сигурни дека и оваа нова верзија од Opera ќе направи нешто да го загрози првото место на Chrome, ниту другите места кои ги држат Edge, Firefox и Safari, но сигурни сме дека ќе ги задржи барем верните фанови на брендот.