Decal.mk е интернет продавница која прва на пазарот во државата продава премиум налепници за лаптоп. Како бренд е лансиран во средина на Февруари 2020 од страна на NewMediaМК– маркетинг агенција со повеќе од 10 години активно присуство на пазарот.

Целиот концепт всушност е развиен во рамките на самата агенција, а дизајните ги создаваат искусни дизајнери кои се дел од тимот на NewMediaMK. Тие секојдневно црпат инспирација од светските дизајн и арт трендови, но и од реакцијата и барањата на купувачите. 

Самиот збор “Декал“ значи дизајн аплициран на специјална хартија што потоа може лесно да се залепи на било каква мазна површина. Затоа и името на брендот беше избрано уште од самиот старт. 

Во моментот се достапни повеќе од 150 готови дизајни. Оваа бројка секојдневно расте, секој ден се додаваат по најмалку 2 нови дизајни и постојано се внесуваат нови категории и едиции со различни тематики, стилови за различни вкусови.

На decal.mk се нудат налепници за сите лаптопи. Кој било бренд, со било кои димензии и секако дизјан по свој избор. Процесот на подготовка според специфични димензии за секој лаптоп е главниот предизвик. Димензиите мора да бидат прецизно измерени, што понекогаш не е ултра лесен чекор за корисниците, но резултатот на крај секако дека вреди.

Налепниците се лесно апликативни што значи дека изгледот на лаптопот е нешто што може да се менува и да се комбинира во зависност од расположението во кое се наоѓаш, твојот моден стил, годишно време или моментална инспирација.

Твој лаптоп – Твој дизајн! По ова се водиме како мото и токму затоа ја воведовме опцијата за нарачка на налепница со свој дизајн, што беше дел од нашиот концепт уште од самиот старт. Процесот за нарачка на налепница со сопствен дизајн се разликува само во еден мал дел во споредба со нарачка на готов дизајн. Имено, при нарачувањето се што треба покрај изборот на лаптоп, димензии и исечок е купувачот да го прикачи и фајлот со посакуваниот дизајн. Ние сме достапни во текот на целиот процес со совети и помош од избор на дизајн до мерење на димензии на лаптоп.

Претходна статијаApple спомнати како исто така заинтересирани да го купат TikTok
Следна статијаShazam (2019) vs. Spiderman: Far from Home (2019)