Веќе 18 години Pazar3.mk е синоним за онлајн купопродажба, место каде што секој го пронаоѓа посакуваниот нов дом или каде што се стигнува до новиот автомобил од соништата. Pazar3 е повеќе од веб сајт за огласување. Тоа е место каде што стотици илјади луѓе го пронашле посакуваниот предмет во изминатите години или продале нешто што не им било потребно.

Главниот приоритет секогаш бил задоволството на корисниците и обезбедување на квалитетни услуги. Со таа цел лансирани се нови ажурирани верзии на Pazar3 Android и Pazar3 iOS апликациите. На брз, лесен и едноставен начин корисниците можат да го пронајдат посакуваниот предмет пребарувајќи низ 550.000+ активни огласи со селектирање на соодветна локација, категорија или клучен збор.

Што е ново?

  • Дизајнот е доста унапреден со тоа што сите огласи се достапни со подобар визуелен приказ, филтрите за пребарување се поедноставни и секој може да го пронајде посакуваниот предмет многу лесно.
  • Регистрирањето на нов оглас сега е доста побрзо само со пополнување на неколку потребни полиња како име, контакт информации и сл.
  • Доколку имате профил на Pazar3.mk, Ви следуваат супер поволности како бонуси за прва регистрација на оглас, користење на карго услугата на наједноставен начин, зачувување на посакувани огласи и добивање на известување на нови огласи од зачувани пребарувања, chat комуникација со заинтересираните клиенти и многу други поволности.
  • Доколку корисниците немаат профил, можат да се регистрираат на веб сајтот со креирање на Pazar3 сметка.

Доколку сте сопственици на компанија и сајтот го користите како бизнис корисник, имате многу добри попусти за огласување, полесно менаџирање, дедицирана корисничка поддршка, бонуси и многу други поволности.

Во продолжение Ви преставуваме неколку причини зошто да користите мобилна апликација на Pazar3.mk?

  • Брза продажба: Со едноставни чекори за регистрирање на нов оглас, внесување на контакт информации, прикачување на слики со добар квалитет ќе добиете брзо објавување на огласот и секако брза продажба. Едноставниот кориснички интерфејс на апликацијата го олеснува процесот на регистрација и прикажувањето на огласите. Користењето на екстра опциите за брза продажба исто така ќе Ви овозможи Вашиот оглас да биде промовиран пред голем број на корисници.
  • Голем избор на производи: Без разлика дали сте во потрага на мобилни телефони, гарнитура, нова облека, нов стан или нов автомобил Pazar3.mk е вистинското место каде што ќе пронајдете тоа што Ви треба.
  • Купување од локални продавачи: Pazar3.mk Ви помага да се поврзите со локалните продавачи и да им кажете збогум на трошоците за испорака од странство и давачките за царини и достава.
  • Безбедноста на прво место: Со Pazar3.mk добивате сигурност и безбедно шопинг искуство. Тимот за корисничка поддршка ги проверува огласите и огласувачите и шансите за несериозни огласи се сведува на минимум.

Симнете ја Pazar3 мобилната апликација сега и придружете им се на стотици илјади корисници кои веќе уживаат во придобивките кои ги нудат Pazar3 Android и Pazar3 iOS апликациите.

Претходна статијаWindows 11 бележи пад на пазарниот удел на сметка на постариот Windows 10
Следна статијаiPhone 16 Pro Max можно е да дојде со подобрена батерија која останатите модели би ја добиле идната година