Можеби првите десетина дена од почетокот на годината кај нас поминуваат во знак на празници и одмори, меѓутоа светот не прави таква пауза. Еден од најпознатите и најважните саеми за технологија, но и други теми, се одржува традиционално секоја година, на почетокот од годината.
CES е името на овој настан, односно Consumer Electronics Show, а се одржува повеќе од 50 години. Прво има започнато во Њујорк, по што се префрла во Лас Вегас.
На овој саем се прикажуваат повеќе од 4.500 компании од 150 земји, а присуствуваат повеќе од 180.000 луѓе. Просторот на којшто се одржува овој настан е поголем од 200.000 метри квадратни.
На настанот се прикажуваат производи од 24 категории меѓу кои 3D печатење, гејминг, ауди и видео, фитнес, здравје и фитнес, паметни уреди, паметен дом, автономни возила, маркетинг и други.
Како и обично, производите кои ќе бидат изложени на овој настан, можеме да ги видиме, односно се најавуваат и пред неговиот почеток, а оваа година има навистина интересни. Затоа останете на Смартпортал и прочитајте што се може да се види на овогодинешниот CES саем.