Можеби не толку легендарен како Renault 4, сепак и Renault 5 беше еден од повеќе познатите автомобили пред 50 години, а остана на пазарот до средината на деведесеттите.
Во 2021 Renault најави дека планира да го врати овој автомобил на пазарот, но во модерна и целосно електрична форма.
Сега автомобилот има и официјално име, а се очекува да биде официјално претставен идниот месец, па да започне со продажба до летото.

Renault 5 E-Tech е новото име и купувачите ќе ги чини околу 25.000 евра, што може да се каже дека е доста добра цена кога ќе се земе во предвид дека се работи за електричен автомобил, но и цените изминатите година две.
Моторот на автомобилот е со 100kW или 135 коњски сили, а може да помине 400 километри со едно полнење. Ова може да се каже дека е одлична километража, а посебно ако се земат во предвид големината на автомобилот и неговата цена.
Изгледот на R5, како што се нарекува скратено, е доста сличен со стариот модел, но секако е модернизиран и има одредено делови кои се специјално во нов стил.