Фактот дека роботската правосмукалка го чисти домот наместо Вас не е ништо ново. Но, што ако додадеме дека може и сама да го испрази садот за прашина, да го наполни резервоарот за вода и да ја испере крпата за чистење? Својата палета на роботски правосмукалки, овој пат, Смартус ја проширува со моделот Roborock S7 Pro Ultra.

Роботската правосмукалка S7 Pro Ultra со своите напредни функции, смарт технологија и целосно автоматизирана станица Roborock Empty Wash Fill ја носи на ново ниво автоматизацијата за паметно чистење на домот.

S7 Pro Ultra во споредба со претходната верзија Roborock S7 може да се пофали со удвоена моќ на вшмукување, така во начинот на работа Max+ овозможува дури до 5100Pa вшмукувачка моќ. Главната четка е дизајнирана со потполно издржлив гумиран материјал со што го спречува заплеткувањето на влакна.

Покрај другите карактеристики, неговите исклучителни перформанси се должат на паметната навигација PreciSense со ласерски сензор LiDAR, останатите сензори Sensient, како и прилагодливиот алгоритам за рута што му овозможува прецизно мапирање на просторот.

Напредната станица за полнење Empty Wash Fill отвора свет на нови погодности дури и за најпребирливите корисници. Така, ви ја овозможува веќе добро познатата функција на автоматско празнење на вашата роботска правосмукалка и на тој начин до 7 недели безгрижно користење без менување кеси. За време на самото полнење, станицата внимава да се наполни резервоарот за вода доколку е празен, со што се овозможува дополнително исчистена површина од 300 m2.

Roborock S7 Pro Ultra роботската правосмукалка е веќе достапна на официјалната веб страна на Смартус на следниот линк.

Искористи го кодот S7ProUltra за 1000 денари попуст за нарачки до 31.03.2023

Претходна статијаMeta најави две новини поврзани со групните разговори во WhatsApp
Следна статијаSnipping Tool во Windows има пропуст кој може да овозможи откривање на „исечениот“ дел од сликите