Roborock S8 е опремен со исклучителна моќ на вшмукување од дури 6000Pa за лесно да ја отстрани прашината, нечистотијата, влакната и другите мали честички од вашите подни површини. Roborock S8, како и неговиот претходник користи вибрации со висока фреквенција, постигнувајќи дури 3.000 микробришења во минута, што овозможува длабинско чистење на подот.
Ултразвучното откривање тепих е уште една корисна карактеристика на Roborock S8. Оваа технологија овозможува правосмукалката автоматски да ги препознава теписите и да ги приспособи своите перформанси со автоматско подигање на крпата за бришење.
Новост кај Roborock S8 е двојната гумена главна четка DuoRoller, која обезбедува ефикасно собирање на нечистотија и влакна. Овој тип на четка е исклучително ефикасен за отстранување на нечистотијата од подните површини.
Roborock S8 правосмукалката е врвен уред за чистење на вашиот дом, кој комбинира исклучителна моќ на вшмукување, иновативни функции и тивко ракување. Без оглед на типот на подот и сложеноста на просториите ќе обезбеди беспрекорна чистота, сјајни подни површини и ќе ви заштеди време и енергија.
Roborock S8 роботската правосмукалка е веќе достапна на официјалната веб страна на Смартус: https://www.smartus.mk/roborock-s8-237.