Роботската правосмукалка Q7 Max+ се придружува на семејството Roborock со исклучително ефикасни функции за вшмукување и миење на подот. Со своите напредни функции, смарт технологија како и целосно автоматизираната станица Auto-Empty Dock Pure, го носи на ново ниво автоматизираното чистење на домот.

Правосмукалката Q7 Max+ може да се пофали со подобрена моќ на вшмукување која достигнува до 4200 Pa, со што се обезбедува темелно чистење на нечистотијата од вашите подови и теписи дури и таму каде што другите роботски правосмукалки тешко можат да стигнат до неа.

Гумираната главна четка е дизајнирана на таков начин што влакната од коса или домашни миленичиња нема да се заплеткаат, што ја зголемува нејзината издржливост и ефикасност.

Роботската правосмукалка е опремена со резервоар за прашина од 470 ml и резервоар за вода од 350 ml (што е доволно за чистење до 300 m2 површина). Системот HyperForce обезбедува двојно поголема моќ за чистење, вршејќи истовремено вшмукување и џогирање, ефикасно отстранувајќи ја дури и најтврдокорната нечистотија. Во одличните перформанси му помага HEPA филтер од типот E11, кој задржува до 95% од честичките прашина, а дополнителна предност е фактот дека може да се пере, што значи дека може да се да се користи  подолго време пред да се замени за нов.

Покрај другите карактеристики, нејзините исклучителни перформанси се должат на паметната навигација LiDAR 3.0,  која овозможува лесна навигација низ вашиот дом. Користи ласерска технологија за цртање план на вашиот дом, што може да се види во 3D мапа на апликацијата на вашиот паметен телефон. Овозможено е да ги означите областите што треба да се исчистат, да поставите распоред за чистење и многу повеќе. Функцијата за скенирање поддржува до 4 мапи, а секоја мапа може да има до 10 области кои можете да ги означите како достапни/недостапни. За полесно да го контролирате и управувате вашиот нов домашен асистент, тој функционира и со гласовни команди преку Amazon Alexa и Google Home.

Q7 Max+ е опремен со батерија од 5200 mAh, која овозможува правосмукалката да работи до 180 минути. Напредната станица на роботската правосмукалка вклучува и функција за автоматско празнење, при што ја задржува акумулираната прашина до 60 дена, ослободувајќи ве од обврската да го празнете резервоарот за прашина после секоја употреба.

Roborock Q7 Max+ роботската правосмукалка е веќе достапна на официјалната веб страна на Смартус, за нарачка и пред-нарачка: https://www.smartus.mk/roborock-q7-max-plus-233.

Претходна статијаMicrosoft го пушти новиот Bing за сите корисници и најави повеќе нови функции
Следна статијаКаСис е ко-организатор на првата регионална конференција на European Woman Payment Network во Југоисточна Европа