Фото: Samsung

Samsung во јули го прикажа овој уред, но тогаш се што можевме да извлечеме како информација беше дека тој навистина постои, а беше потврдено и официјалното име, Galaxy Z TriFold. 

Сега од компанијата официјално го претставија Galaxy Z TriFold, па сега ги имаме и сите негови карактеристики. 

Во основа, Samsung се одлучи да на корисниците им понуди два вида на уреди кои се преклопуваат. Galaxy Z Fold серијата, која е до својата седма генерација, им овозможува претворање во помал таблет со едно превиткување на екранот, па сега изборот се проширува на уред кој два пати се преклопува и овозможува класично таблет искуство. 

Со Galaxy Z TriFold корисниците веќе нема потреба да имаат два уреди, односно смартфон и таблет компјутер. Претворањето во 10 инчен таблет реално на корисниците им овозможува можност за работа, посериозна, како и одлично искуство за гледање на видео содржина и слично. 

Фото: Samsung

Кога сме на темата за работа, Galaxy Z TriFold доаѓа со „вградена“ DeX функција, односно исто како кај таблет компјутерите од Samsung, не е потребно поврзување со надворешен екран за да може да се активира. 

Со DeX корисниците добиваат кориснички интерфејс кој е повеќе карактеристичен за десктоп компјутерите, со долна лента, можност за менување на големината и позицијата на прозорот од апликациите, „мултитаскинг“ и слично. 

Во објавата за Galaxy Z TriFold Samsung посебно внимание посветува на механизмот за прелкопување, очекувано со оглед на тоа што кај овој уред мора да има два посебни механизми. 

Galaxy Z TriFold се отвора и затвора на нешто поразличен начин од што очекував, а и ако се спореди со сличен ваков уред од Huawei. Уредот се затвора на „внатре“, односно овозможува избор на формат на телефон или 10 инчен таблет, но не и таков како кај Z Fold серијата. 

Тоа значи дека корисниците имаат избор, дали сакаат да имаат само смартфон, смартфон кој се претвора во помал таблет или таков кој целосно може да замени купување на таблет компјутер. 

Фото: Samsung

Што се однесува до карактеристиките, Galaxy Z TriFold доаѓа со AMOLED 2X екран со резолуција од 2160 на 1584 инчи, со што се добива нивна густина од 269 пиксели на инч. Стапката на освежување е од 1 до 120 херци, а светлината до 1600 нити. 

Помалиот екран доаѓа со големина од 6,5 инчи и е со FHD+ резолуција, односно 2520 на 1080 пиксели и нивна густина од 422 пиксели на инч. Технологијата е исто така AMOLED 2X, заедно со 120 херци стапката на освежување и максимална светлина од 2600 нити. 

Кога е затворен уредот има дебелина од 12,9 милиметри, а истата се намалува на одлични 3,9 милиметри кога е отворен, секако без да го вклучиме тука делот за камерите. 

Фото: Samsung

Кога сме кај камерите, уредот на задната страна како главни камери има три, односно 12 мегапиксели за ултра широки слики, 200 мегапиксели кај главната камера, како и 10 мегапиксели кај камерата за зумирање. Кај двата екрани има по уште една камера која доаѓа со 10 мегапиксели.

Galaxy Z TriFold работи на Snapdragon 8 Elite for Galaxy чипот, а доаѓа и со 16GB RAM, батерија со капацитет од 5.600 mAh која може да се полни со 45W полнач кој доаѓа во кутијата на уредот. 

Во продолжение можете да го погледнете и видеото од секогаш одличниот „Mrwhostheboss“.