За време на MWC 2022 Samsung излезе со два нови лаптоп компјутери, вкупно четири модели, кои се со одличен и тенок дизајн, како и доста мала тежина и дебелина. Компјутерите доаѓаат со најновата генерација на Intel чипови, што значи може да се очекува доста големо подобрување на перформансите во споредба со претходната генерација, како и заштеда на енергија.

Samsung посебно внимание посветува на безбедноста на овие нови лаптопи кои ги задоволуваат барањата на Microsoft за да може да бидат означени како „secured-core PC“, нешто на кое Microsoft дава поголемо значење со претставувањето на Windows 11, со донесување на голем дел од бизнис безбедносните карактеристики кај сите компјутери.

Двата модели кои ги претстави Samsung се Galaxy Book2 Pro и Galaxy Book2 Pro 360. Како што би се очекувало според имињата, првиот е повеќе класичен лаптоп компјутер, додека вториот е лаптоп со екран кој може да се отвори целосно до задната страна и со тоа да се добие посебен формат за користење со S Pen или дури и како таблет компјутер.

Galaxy Book2 Pro доаѓа во две верзии, односно со 13,3 инчен екран и со 15,6, а овие две верзии сепак се разликуваат и во неколку дополнителни карактеристики, покрај во големината на екранот.

Galaxy Book2 Pro 15,6 овозможува избор и од посебна графичка картичка, за разлика од 13,3 инчниот модел кој доаѓа само со вградената Intel Iris X, која сепак е одлична за обичниот корисник кој не планира да игра игри или да прави некои посериозни графички проекти.

Двата модели работат на Windows 11 и имаат резолуција од 1920 на 1080 пиксели и се направени во AMOLED технологија.

Лаптоп компјутерите работат на 12th Gen Intel Core со избор од i5 и i7 чиповите, а достапни се и 8, 16 и 32GB LPDDR5 RAM со до 1TB NVMe SSD простор за податоци.

Samsung посебно ја истакнува и можноста за правење на видео повици со 1080p камерата и Dual Array микрофоните со можност за придушување на бучавата од околината.

Galaxy Book2 Pro 360 моделите во главно доаѓаат со истите карактеристики и големини на екранот, но без можност за посебна графичка картичка. Кај овие модели јасна е намената за користење и како таблет компјутери со поддршка за S Pen.

Во продолжение можете да го погледнете и официјалното претставување на Galaxy Book2 Pro и Galaxy Book2 Pro 360 на MWC 2022.

Претходна статијаNokia претстави три нови евтини смартфони кои чинат од 80 до 120 евра
Следна статијаДебата: Дигиталната трансформација на образованието треба да биде по мерка на учениците, студентите и наставниот кадар
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.