Фото: Shutterstock.com

Samsung Internet прелистувачот кој досега ексклузивно беше достапен на смартфоните и таблет компјутерите од компанијата, стана достапен на Windows. Апликацијата може да се симне преку Microsoft Store, но изгледа се’ уште е во изработка, па затоа Samsung не ја промовира официјално.

Иако прелистувачот број 1 останува и изгледа ќе остане уште долго, Google Chrome, сепак Samsung Internet нема баш така мал број на корисници на уредите од компанијата.

Достапноста на Windows може да придонесе за уште поголема популарност, па можеби пазарот добива уште еден сериозен конкурент, ќе видиме во иднина.

Samsung Internet е прелистувач направен на основа на Chromium, односно на истата технологија на која се направени повеќе прелистувачи покрај Chrome. Тука се Microsoft Edge, Brave, Opera и други.

Тоа значи дека корисниците можат да ги очекуваат перформансите и компатибилноста на Chrome, како и додатоците од Chrome Web Store, поддршка која во оваа фаза изгледа се’ уште не е пуштена.

Засега, Samsung Internet не е 100% подготвен за официјална промоција. Јас не успеав да го инсталирам, а се јавуваше грешка при обидите. Дополнително, тие кои го имаат пробано прелистувачот истакнуваат дека перформансите се послаби, а доста страни се отвораат бавно и „скролањето“ на функционира како што треба.

Како и да е, верувам дека за брзо апликацијата ќе биде целосно средена, па корисниците ќе добијат уште ден избор, а тие кои ја користат на мобилните, одличен начин да го синхронизираат своето „сурфање“.

Samsung Internet е достапен преку Microsoft Store за Windows 10 и Windows 11 преку овој линк.

ИЗВОРXDA-Developers
ИЗВОР 2SamMobile
Претходна статијаДо крајот на неделата започнува бришењето на неактивните Google сметки
Следна статијаМакедонија домаќин на Јуниорската балканска олимпијада по информатика 2023
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.