Spotify најави зголемување на цените на нивните Premium пакети, а ова зголемување, за разлика од доста други сервиси, ќе биде во скоро целиот свет, вклучувајќи ја и нашата земја.

Зголемување ќе имаат сите достапни пакети, од кои секако најпопуларен е Premium Single пакетот кој на корисници им овозможува подобар квалитет на музиката, тргање на рекламите, можност за продолжување на музиката на повеќе уреди и слично.

Цените во светот сепак се различни, па во САД новата цена ќе биде зголемена за 1 долар, односно од сегашните 9,99 долари на 10,99 долари месечно. Во нашата земја Spotify Premium Single чини 4,99 евра месечно, а зголемувањето ќе биде за половина евро, односно сервисот ќе чини 5,49 евра.

Зголемувањето не е драстично, па се очекува дека тоа нема да влијае на бројот на корисници на сервисот, односно не би требало да донесе откажување на претплатата, барем не голем процент.

Покрај во Македонија, зголемување на цените ќе има и во Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Хрватска, Словенија и други.

„Пазарот продолжи да се развива откако започнавме со работа. За да можеме да продолжиме да иновираме, ги менуваме нашите Premium цени на голем број пазари низ целиот свет. Овие ажурирања ќе ни помогнат да продолжиме да им даваме вредност на обожавателите и уметниците на нашата платформа.“ – истакнаа од компанијата.

Spotify продолжува да нуди бесплатен пакет, па корисниците кои не сакаат да плаќаат можат да го користат сервисот бесплатно, со неколку ограничувања.

Ажурирано на 25.07.2023 – Додадена точна информација за зголемувањето на цената во Македонија.

ИЗВОРApple Insider
ИЗВОР 2Spotify
Претходна статијаTelegram започна со пуштање на Stories, но само за Premium корисниците
Следна статијаSamsung ја претстави GDDR7 DRAM меморијата која може да се очекува кај производите од идната година
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.