Tesla или може подобро е да се каже Елон Маск, оваа недела го одржаа настанот кој го носеше името „We, Robot“. На овој настан Маск ја презентираше иднината на компанијата која излегува од досегашниот развој на електрични автомобили, иако тоа останува како основа на работата. 

На настанот беа презентирани две нови автономни возила за превоз на патници, како и „хуманоиден“ робот. 

Robotaxi возилото е замислено како замена за класичните такси возила, додека Robovan е нешто поголемо возило и замислено за превоз на повеќе патници. Двете возила се целосно електрични, нормално, а исто така се целосно автономни, односно за нив не е потребен возач. 

Тоа што посебно привлекува внимание е изгледот на возилата, кои се направени со доста футуристички стил, а веќе се прават споредби со вакви возила од филмот „I, Robot“. 

Кога сме кај овој филм и работи кои беа претставени на настанот, третиот производ има најголема сличност. Tesla Bot е името на роботот со вештачка интелигенција кој беше презентиран. Овој робот е замислен да помага во секојдневните обврски на луѓето дома или надвор. 

Tesla дефинитивно продолжува да биде компанија која донесува производи кои обично се поврзуваат со иднината, а ако на тоа се додаде и SpaceX, може да се каже дека Елон Маск стои зад двете моментално најиновативни компании во светот. 

„We, Robot“ настанот можете да го погледнете на X или во продолжение. 

ИЗВОРTesla
Претходна статијаУметност без граници: Skopje Tattoo Show ќе ја слави индивидуалноста и креативноста
Следна статијаСкопје се покажа како одличен домаќин и приреди светски настан за IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.