Поминаа уште малку, па два месеци од пуштањето на првиот посериозен конкурент на Twitter, сега X, од страна на Meta. Threads е друштвена мрежа која изгледа скоро исто со X, но се’ уште без сите потребни функции за да претставува сериозна конкуренција.

Поврзаноста со Instagram направи да Threads добие огромен број на корисници за кратко време, но тоа не се преслика во огромен број на активни корисници кои продолжуваат да ја користат оваа нова мрежа.

Една новина можеби ќе придонесе кон подобрување на оваа ситуација, а тоа е можноста да се користи мрежата и преку веб, а не само преку мобилната апликација.

Од оваа недела, Threads.net ја отвора целосна мрежа и не служи само како линк до мобилната апликација. Корисниците можат да ги прават сите активности од мобилната апликација, па сега и компјутерите може да се додадат како место од каде ќе се пристапува на Threads.

Инаку, Threads е направена со поддршка за ActivityPub протоколот, што значи дека корисниците ќе можат да се следат и со другите мрежи, како што е Mastodon.

Еден од главните проблеми со кои може да се соочи Threads е најавата за тоа дека ова е позитивна мрежа, директно критикувајќи го конкурентот X. Сепак, таа позитивност можевме да ја видиме повеќе пати, а посебно за време на корона кризата кога Facebook и другите директно правеа цензура на се што беше спротивно на ставовите на властите низ светот.

Не гледаме причина зошто и оваа мрежа на би била иста, посебно кога Facebook продолжува да ги цензурира информациите кои веќе оваа година се повеќе од докажани и јасни, а гледаме најави дека корона кризата се’ уште не е целосно завршена, барем не мерките кои би можеле да се воведуваат.

Претходна статијаGoogle Docs, Sheets и Slides добија нов изглед на Android
Следна статијаПедесет признанија за Samsung Electronics на натпреварот International Design Excellence Awards 2023
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.