WhatsApp е една од неколкуте апликации кои доаѓаат со „од-крај-до-крај“ шифрирање на пораките и повиците, со што се очекува дека никој, дури ни од компанијата, можат да имаат пристап до комуникацијата на корисниците.
Сепак, од достапните апликации, сомневањето за тоа дали апликацијата навистина ги шифрира пораките и компаниите немаат пристап, се најголеми за WhatsApp, а поради тоа што се во сопственост на Meta, односно Facebook.
WhatsApp стана дел од Meta во 2014 година, а веднаш може да се запрашаме зошто од компанијата која е позната по „следење“ на корисниците за рекламни цели, би сакале да имаат апликација од која не можат да собираат информации.
Тужба поднесена од група на луѓе од различни земји, во окружниот суд во Сан Франциско, во основа „ги потврдува“ сомневањата и тврдењата на голем број на луѓе. Информациите во истата доаѓаат од „храбри свиркачи“, иако нема дополнителни информации за докажување на тврдењата.
Во основа, во тужбата се тврди дека Meta има пристап до пораките за кои тврди дека во никој случај не може да ги види и дека вработените можат да побараат пристап до истите кој лесно се добива.
По добивањето на пристапот, тие можат да ги гледаат сите пораките кои стигаат, како и претходните пораки од креирањето на сметката од страна на корисникот, па дури и тие кои корисникот мисли дека ги има избришано.
Иако WhatsApp ги шифрира пораките со познатиот и проверен Signal протокот, кој е со отворен код, нивната имплементација не е со отворен код и истата не може да биде потврдена.
Од Meta ги отфрлаат овие обвинувања и тужбата ја означуваат како несериозна, а најавуваат дека ќе бараат казни за адвокатите кои ја имаат поднесено истата.
Дефинитивно ќе ја следиме оваа тема, па ќе видиме дали тужбата воопшто ќе биде одобрена, односно дали може да очекуваме судење каде би требало да бидат докажани тврдењата.
Коментар за тужбата има и сопственикот на Telegram апликацијата, Павел Дуров, а објавата можете да ја видите во продолжение.










































