По најавата дека Google и Facebook ќе им овозможат на вработените да работат од дома до крајот на годината, со што се добива и слика колку време ќе треба до нормализирање на работите, Twitter донесе слична одлука за своите вработени.
Twitter ќе ги отвори своите канцеларии најрано во септември, меѓутоа на своите вработени ќе им даде избор од каде сакаат да работат, односно дали да се вратат во канцеларија или да продолжат да работат од дома.
Оваа одлука ќе продолжи да важи и по завршувањето на состојбата со COVID-19, односно вработените ќе може да изберат да работат од дома, како што се истакнува, засекогаш.
Вакво нешто секако е возможно кај ИТ компаниите и во ова време кога поголемиот дел од работите се извршуваат на маса преку компјутер. Остануваат само работните места кои сепак бараат физичко присуство, како на пример, одржување на серверите и слично.
Twitter почна да им овозможува на своите вработени да работат од дома уште од март, пред да се донесат одлуки за седење дома.