Фото: Shutterstock.com

Од тоа што можеше да се прочита досега, а и знаејќи ги Apple, можеше да се заклучи дека главната причина за оставањето на пазарот на уреди на преклоп од страна на оваа компанија е развојот на технологијата. 

Кратко кажано, една од главните маани на уредите на преклоп е видливата линија на местото каде што екранот се превиткува, па Apple чекаа додека овој проблем може да биде решен

Иако досега повеќе пати можевме да прочитаме дека тоа од Apple го имаат постигнато, сега имаме и официјален доказ. 

Во рамките на CES 2026, Samsung прикажаа екран кој се превиткува и кој веќе нема видлива линија. Се верува дека овој екран ќе се користи кај Galaxy Z Fold8, неофицијалниот Galaxy Wide Fold, но и кај iPhone Fold. 

Од Samsung ова го имаат постигнато преку распределување на притисокот при виткањето на поголем дел, наместо само во средината, поради што екранот веќе нема линија. 

Прикажувањето на овој екран од страна на Samsung, може да се смета како голема потврда на очекувањата Apple да влезе на пазарот, со првиот iPhone на преклоп. 

Интересно е што неофицијалните извори најавуваат дека Samsung ќе претстави четврт вид на уред на преклоп, кој ќе дојде со форматот во кој се очекува да дојде iPhone Fold. Се работи за поширок формат кога уредот е отворен, кој наликува на iPad mini во пејзаж позиција. 

Како се очекува да изгледа iPhone Fold досега најточно можевме да видиме од видеото од Џон Просер, а аналитичарите најавуваат голем раст на пазарот поради влезот на Apple, како и земање на доста голем дел уште во првата година.