
Во текот на вчерашниот ден во САД беше дадено одобрување за првата вакцината за COVID-19 во земјата. Се работи за вакцината од Pfizer и BioNTech која беше одобрена и веќе почна да се користи во Британија, а која покажа ефикасност од 95% по официјалното завршување на третата фаза и тестирањето.
Веќе од понеделник ќе започне вакцинирањето во повеќе градови во САД, а властите посебно ќе одлучуваат по каков редослед, односно кој прв ќе ја добие вакцината. Вакцинирањето ќе започне во сите држави во САД, а за почеток се најавуваат околу 100 милиони дози од вакцината, што е доволно за 50 милиони луѓе.
Помасовно вакцинирање секаде во светот, како и во САД, се очекува некаде од пролет, нешто што би требало да заврши и да даде сериозни резултати до крајот на летото. Во нашата земја исто така ќе се добијат дози од оваа вакцина, преку Ковакс програмата, како и уште неколку други извори. За почеток се најавуваат 800.000 дози, доволни за околу 400.000 луѓе, по што ќе се нарачуваат нови дози.
„Овластувањето од FDA за итна употреба на првата вакцина за КОВИД-19 е значајна пресвртница во борбата против оваа разорна пандемија што погоди толку многу семејства во САД и низ целиот свет“, рече комесарот на FDA Стивен М. Хан. „Денешната одлука следи по отворен и транспарентен процес на преглед кој вклучуваше придонес од независни научни и јавни здравствени експерти и темелна проценка од страна на искусните научници на агенцијата за да се осигура дека оваа вакцина ги исполнува строгите, научни стандарди на FDA за безбедност, ефективност и квалитет на производство потребни за поддршка на употребата во итни случаи. Неуморната работа за развој на нова вакцина за спречување на оваа нова, сериозна и опасна по живот болест во забрзан рок по нејзиното појавување е вистински доказ за научната иновација и јавно-приватната соработка ширум светот “.
Целото соопштение од американската FDA, можете да го прочитате на овој линк.