Во верзијата Build 22635.3790 од бета каналот на Windows 11, достапна е новина поврзана со Старт менито која можеби нема да биде баш најдобро прифатена од страна на корисниците.
Оваа веќе не толку нова верзија од Старт менито има различни „оценки“ од корисниците, па не е толку мал бројот на корисниците кои едноставно не им се допаѓа.
Додавањето на дополнителни функции кај ова мени можеби не е начинот како да се подобри корисноста на Старт менито, но уште пред некој месец видовме дека од Microsoft планираат вакво нешто.
Тогаш новата можност беше поврзана со додавање на „виџети“ во посебна лента од Старт менито, па со оглед на тоа што Windows Insider програмата добива тест функции кои се менуваат, сега гледаме слична новина.
Конкретно, Старт менито во иста таква лента која е поставена на десната страна од менито, добива лента која доаѓа од Phone Link апликацијата. Оваа апликација е доста популарна и корисна, а овозможува поврзување на Android смартфоните со Windows.
На оваа лента корисниците ќе можат да го видат својот поврзан смартфон, односно информација за батеријата, како и можност да се отворат пораките, повиците и сликите. На долниот дел од лентата ќе се прикажуваат најновите информациите од овие три категории.
Причината поради која оваа новина не ја сметам за толку добра е што кога веќе Старт менито непотребно се усложнува, тоа треба да биде направено барем доволно корисно.
Лентата иако прикажува информации во вистинско време, што и да се притисне на истата, носи до конкретниот дел во Phone Link апликацијата, со што се добива впечаток дека оваа лента не е баш функционална. Корисниците веќе ги добиваат известувањата од својот телефон во центарот за известувања, а тука е и апликацијата.
Добро е што оваа лента може да биде исклучена преку Settings, а можеби и сум грешка во проценката, па доста корисниците ќе ја користат и сметаат како корисна оваа новина.