Windows ја добива една од најпопуларните мали алатки која е стандардна кај Linux и macOS одамна, а тоа е Sudo командата. Оваа команда во главно им користи на програмерите и администраторите, па добро е што Microsoft конечно ќе им овозможи побрзо завршување на одредени активности на компјутерот.

Sudo, односно Superuser Do, кратко кажано, им овозможува на корисниците да извршат активности преку командна линија кои бараат администраторски привилегии, без потреба од вклучување на командната линија со зголемени привилегии.

Ова е стандардниот начин на кој корисниците на Linux инсталираат апликации, прават ажурирање на системот, префрлуваат и бришат датотеки и уште многу повеќе. Сето тоа го прават со користење на командна линија, односно „текст“, а со Sudo многу лесно можат да извршат и активности за кои се бара повисоко ниво на привилегии на системот.

Sudo за Windows е целосно изворно решение, односно не е префрлено од Linux. Тоа значи дека корисниците нема да можат да ги користат истите скрипти, а има и разлика во достапните функции.

Засега Sudo е во тест фаза, односно дел од Windows Insider верзиите од Windows 11. До наредната поголема надградба на Windows 11, може да се очекува оваа функција да стане дел за сите корисници.

Повеќе за Sudo командата во Windows, нејзиното функционирање и активирање можете да прочитате тука.

ИЗВОРBleeping Computer
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаiOS 18 можно е да донесе нов дизајн инспириран од новиот visionOS
Следна статијаНовата серија Samsung S24 донесува вештачка интелигенција која ја трансформира комуникацијата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.