Фото: Shutterstock.com

xAI денеска го претстави нивниот најнов јазичен модел, Grok3. Претставувањето беше направено во форма на презентација на X на која беше присутен и Елон Маск.

Маск ја започна презентацијата со истакнување на мисијата на xAI и на Grok, а тоа е разбирањето на природата на универзумот, каде се вонземјаните, кое е значењето на животот, како е настанат универзумот и слично. Тој додава дека сите овие прашања потекнуваат од љубопитноста на луѓето, а тоа е нешто што ги мотивира во xAI да го направат Grok јазичен модел кој секогаш ќе се обидува да ја дознае вистината, дури и кога истата не е во рамките на тоа што се смета за политички коректно. 

Grok3 ќе продолжи да функционира во досегашниот стил, односно тој ќе биде секогаш позабавен и посмешен во споредба со конкурентите. 

Како што би се очекувало Grok3 доаѓа со доста поголема способност и брзина на давање на одговори, но тоа што навистина е ново кај оваа генерација од јазичниот модел од xAI е новата можност за „расудување“. Како и конкурентните модели, како OpenAI o3, Grok сега ќе може да се користи за доста посложени задачи, истражувања и програмирање. 

Моделот доаѓа со два иновативни режими на работа, длабоко пребарување кој овозможува подобри одговори на прашањата, како и размислување, кој овозможува расудување и претставува конкуренција на другите модели кои ја имаат оваа способност.

Тврдењата за Grok3 се големи, а посебно во споредба со конкуренцијата, па ќе видиме во периодот што следи што ќе покажат независните тестови. 

Grok3 нема да им биде достапен на сите корисници, па покрај на претплатниците на посебната Grok апликација, достапна во САД, Grok3 ќе можат да го користат претплатниците на Premium+ претплатата на X. 

Видеото од презентацијата можете да го погледнете во продолжение. 

Претходна статијаНаучниците откриваат докази за древни езера на Марс
Следна статијаSamsung Knox: Сигурност во дигиталната ера
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.