Американскиот производител на полупроводници AMD не остана покус во претставувањето на нова генерација осумјадрени процесори со серијата FX. Секако може да претпоставиме дека ова е поради тоа што ривалот Intel на голема врата ја презентираше својата нова генерација процесори. Сепак овој производител се бори на два фронта и експериментирањето може само да му помогне.
Од една страна создава процесори кои треба да парираат на оние на Intel, додека од другата страна се графичките процесори со кои на пазарот водат битка против оние на гигантот Nvidia. Процесорите од 95 ватната серија Е ќе чинат нешто помалку од 200 долари. Серијата FX-8370е е со почетна брзина од 3,3 GHz и може да се клокува до 4,3 GHz, додека серијата FX-8320e e со брзина од 3,2 GHz ќе чини 147 долари и може да се клокува до максимум 4.0 GHz.
Компанијата на своите потенцијални купувачи исто така им предложува двете осумјадрени серии на процесори да ги спојат со нивниот нов графички процесор за десктоп компјутери Radeon R9 285 кој секако според нив најдобро би работел на матичната плоча AMD 970 и DDR3 меморија. Radeon R9 285 е веќе достапна и чини 249 долари, а компанијата од денес (2 септември) оваа графичка картичка ја нуди заедно со две игри во една едиција насловена како Never Settle: Space Edition. Овој промотивен пакет ги содржи Alien: Isolation и Star Citizen Base.