2015-03-13_05-22-12

За тие што прв пат слушаат за Chromebook, тоа е лаптоп што работи на Chrome OS – оперативен систем дизајниран од Google. Се работи за минималистички оперативен систем налик на Google Chrome прелистувачот, со дополнителна опција да може да функционира и со апликации на Android.

Новиот Chromebook Pixel го добива името како последица на одличниот дисплеј што е чувствителен на допир. Имено, дисплејот е 12.85 инчен, со резолуција од 2560 на 1700 пиксели. Густината на пикселите е 239 пиксели по инч. Дополнително, Chromebook Pixel доаѓа со i5 процесор Intel HD 5500 графичка поддршка, 8 гигабајти рам меморија и 32 гигабајти „solid state“ меморија.

Иако цената на овој уред е доста висока, со тоа што основниот модел е 999 долари, истиот може да се купи посетувајќи ја продавницата на Google која за жал не е достапна во нашата држава.

Дизајнот е целосно алуминиумски, и според видеата делува одлично изработен. Тастатурата е осветлена од долната страна, што ја подобрува видливоста во темница, а според Google батеријата е способна да овозможи 12 часа работа. Полнењето трае 90 минути, а за 15 минути полнење добивате добри 2 часа батерија.

Земено предвид дека уредот е доста скап, особено за перформансите што ги нуди и оперативниот систем кој практично е нефункционален без интернет, дали алуминиумската градба, батеријата со 12 часа работно време, и дисплејот вредат за таа сума на пари, оставаме да одредите вие самите.

Извори: Extremetech, DigitalTrends, The Verge

Претходна статијаИнтел испорачува сила, интелигенција на Xeon процесор во „систем-на-чип“ обраќајќи се на нови, растечки можности во мрежата
Следна статијаTwitter станува конкурент на YouTube и Facebook во видео