10628731_1559421880943898_6702737571718376729_o

HTC го одржа настанот за кој што најави „Нешто извонредно“ оваа недела. Како што беше очекувано од страната и видеото објавени со најавата, извонредното нешто кое што го претстави е акционата Re камера. Оваа камера е во категоријата каде што најпознати се GoPro камерите, меѓутоа за разлика од нив, Re е наменета во главно за аматерско сликање на активностите. Покрај оваа камера, HTC го претстави и Eye, паметен телефон кој што треба да ги привлече корисниците кои што често сликаат селфи слики со 13 мегапикселната предна камера.

Re камерата доаѓа со прилично нестандардна форма и дизајн кои што се направени во форма на перископ. Тоа треба да овозможи поудобно држење на истата, како и поставување на одредени места како јакната, велосипедот и слично. Re нема копче за вклучување, па тоа се прави преку подигнувањето на камерата. Вклучува две копчиња, од кои што едното е на задната страна и служи за сликање и снимање и другото на предната страна кое што е наменето за снимање на успорени снимки. Леќите на камерата се со видно поле од 146 степени што треба да помогне во сликањето без можност за гледање на тоа што сакате да го сликате. Што се однесува до главните карактеристики, Re има можност за сликање на 16 мегапикселни слики и видео во Full HD резолуција, а исто така е и водоотпорна. Ќе се продава по цена од 200 долари, што ја прави нешто поскапа од што можеби се очекуваше со оглед на можностите, како и во споредба со конкуренцијата.

bg-auto-selfie

HTC Eye е паметен телефон кој што доаѓа со 5,2 инчен екран со резолуција од 1920 x 1080 пиксели. Доколку треба да биде ставен во некоја категорија, тој дефинитивно е најблиску до телефоните од високата класа, меѓутоа со одредени недостатоци за да може целосно да им конкурира на другите. Вклучува 2.3GHz Qualcomm Snapdragon 801 процесор, 2 GB RAM меморија и 16 GB внатрешна меморија со можност за проширување со micro SD картичка до 128 GB.

Сепак, главната карактеристика на овој модел е неговата предна камера која што има 13 мегапиксели. Вклучувањето на камери со повеќе мегапиксели на предната страна веќе не е невообичаено, па се повеќе производители се одлучуваат за вакви модели. Камерата вклучува и двоен флеш со кој што сликањето треба да го има најдобриот можен квалитет во секакви ситуации. Задната камера исто така доаѓа со можност за сликање на слики до 13 мегапиксели, а HTC вклучува и интересен софтвер кој што овозможува сликање и снимање со двете камери во исто време. Потоа сликите може да бидат комбинирани на неколку интересни начини.

Извор: PCMag, HTC RE, HTC Eye

Претходна статијаДизајн на сонар инспириран од делфините е далеку поефикасен од досегашните
Следна статијаПретставен нов дизајн на возовите во лондонското метро
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.