Како и во останатите аспекти на паметните уреди, производителите се во константна битка меѓусебно за развивање на најдобриот екран што еден паметен уред може да го понуди.
Иако за просечниот потрошувач разликите не се екстремно големи, освен кога станува збор за уреди со навистина ниска резолуција, производителите многу од таканаречените „битки“ на хартија ги користат за маркетинг.
Но, има одреден тип на потрошувачи кои навистина се трудат да го добијат најдоброто од најдоброто. За таа толпа „Samsung Galaxy S6“ би бил правилниот избор, барем кога станува збор за екранот. Луѓето што стојат позади „DisplayMate“ се потрудиле да го тестираат секој можен аспект на екранот, и според нивниот заклучок секој аспект на екранот е подобрен или барем еднаков со конкуренцијата.
Покрај сите други уреди кои ги тестирале, официјално го објавуваат „Samsung Galaxy S6“ како победник со мошне добри разлики од конкуренцијата. Уредот моментално ја има најголемата густина на пиксели со 577 пиксели по инч, резолуција од 2560×1440 што е моментално највисоката во паметните уреди и е 4 пати поголема од таа на „iPhone 6“.
„Samsung Galaxy S6“ е првиот уред што дозволува да се користат повеќе профили за јачина на боја и контраст во паметните уреди, што отвара многу повеќе можности за развивање во иднина. Дополнително, максималната и минималната светлина што може да ја произведе екранот е исто така одлична, со максимум од 432 кандели на метар квадратен и минимум од само 2 кандели на метар квадратен.
Сите овие рекордни спецификации го носат „Samsung Galaxy S6“ на врвот од битката за најдобриот дисплеј за паметни уреди.
Извори: Techradar, DisplayMate